Уникатно

środa, 24 kwietnia 2013

Улично плетење во Скопје


Улично плетење – графити од волница.

Скопје доби примерок на графити од волница инаку наречено улично плетење urban knitting. Група креативци кој секојдневно се занимаваат со моден дизајн, поврзани со два македонски модни брендови mikka design и Hard to explain ја украсиле уличната бандера која се наоѓа пред нивното ателје во Старата Скопска Чаршија на ул. Лазе Танев бр. 51.








Поминале денови кога иглите и волницата беа алатки само на баби.  Веќе неколку години во светските градови се појавуваат кафичи наменети за сите што сакаат да плетат. Плетењето станува се попопуларно и не се работи за традиционалното плетење.

Новите плетени дела имаат за цел да го привлечат вниманието на минувачите а не само да не стоплат во студените денови. Бојовници на плетената герила тргнаа во напад. Обложуваат со плетените делови уличните часовници, бандери, споменици. Светот би требало да има повеќе бои. Оваа појава најчесто се определува со англиските зборови yarn bombing, guerilla knitting aили urban knitting. Ова е релативно нова форма на уличната уметност која што креира објекти кои може да се наречат како графити од волница. Уметниците како што во случај на класичното графити често пати остануваат анонимни или се кријат под прекар, но има и вакви кои отворено се признаваат кон своите дела.



Овој тренд го започнала
Magda Sayeg од Тексас. Кога во 2005 година почнала да ги обработува знаците стоп со плетени делови нејзината цел беше да го разубави нејзинот сив роден град Хјустон. Не знаела дека започне движење во светските рамки. Наскоро yarn bombing се рашири низ америчките градови. Неговите објекти станале разни елементи кои функионираат во урбаниот простор,  уличните бариери, телефонски говорници, велосипеди а дури и автобуси..


Скопската плетена бандера ја исполнува целта- привлекува внимание, посебно на туристите кои се фотографираат покрај неа.

czwartek, 11 kwietnia 2013

Нова колекција за пролет лето 2013- mikka design
















Катерина Микрут mikka design на 5 април ја презентираше нејзината нова колекција на Модната недела во Скопје. Еве неколку зборови за колекцијата:


„Инспирацијата за креирање на пролетната колекција за 2013 година ми дојде од добро познатата игра X и 0”. Играта ми беше инспирација на неколку нивоа: облици, мотиви, контрасти, спонтаност и стратегија. Спонтаноста и брзината на играта се одразуваат во спонтаната игра со форми. Фасцинирањето од едноставните геометриски форми како што се квадрат и правоаголник се основа на парчињата на облека во колекцијата пролет – лето 2013. Круговите ја изразуваат убавината на рачно плетените апликации чии бои истовремено контрастираат со ткаенината.

Носечките мотиви на колекцијата се кругови, линии и мрежи кои се изведени од рачно плетената со 2 игли врвка. Тие се нанесуваат на нежните ткаенини во облик на ефективна, изразена апликација. Бројот на ефектите кои можат да се постигнат нанесувајќи ги тие едноставни апликации на едноставните геометриски форми е огромен. Исто и самата апликација – плетен материјал е игра на иксови и нули (кругови).

Модерните облици на облеката дозволуваат многу различни комбинации измеѓу парчињата од колекцијата. Повеќето комбинации се надополнети со рачно изработени од плетените делови акцесории – и тука доминира спонтаноста која потсетува на реагирање со иксот на нулата и обратнио.

Во колекцијата владеат весели и истовремено нежни бои кои се совпаѓаат во потоплите годишни времиња, пролет и лето. Пастелните нијанси – од светла сива, преку сина, минт, светла жолта, беж, по крем ги овозможуваат многуте комбинации во рамките на целата колекција со што се добива интересен пастелен микс. Како надополнување на целосниот карактер се појавуваат и ткаенини со принт или акценти во метална боја.

Истражувањето на можноста да се употреби плетењето и плетениот материјал во пролетно-летен период се основа на целата колекција. За плетените делови се користи исклучително памучен конец- материјал идеален за секојдневно носење. Колекцијата е само мал елемент од мојот концептуален поглед на плетењето. Многу важна улога во сите проекти на mikka design заземаат барање на интересните форми и облици со истовремено користење на наједноставните плетки. Во колекцијата на пролет и лето 2013 се појавуваат широките мрежи на отворен грб, рачно изработени, плетени обвивки на рабовите на облеката и исечените во ткаенините кругови обработени со рачно плетена врвка. Неколку парчиња се цели изработени од многу тенок памучен конец.

Колекцијата е предлог за стратегијата за модерна и спонтана жена. Игра со иксови и кругови ако најде соодветната интерпретација од страната на краен корисник се менува во интересните парчиња облека кои што поради специфичен компромис измеѓу авангардата и градската елеганција може да се носат секојдневно уништувајќи ја монотонијата во уличната мода.“


Парчињата од колекцијата можете да ја купите on-line на Уникатно

czwartek, 6 grudnia 2012

Плетачка вечер во New Age Cafe

Ви прикажуваме дел од атмосверата на првата плетачка вечер во  New Age Cafe, а на крај може и да погледнете дел од работите кои беа исплетени.









poniedziałek, 3 grudnia 2012

Ланчиња, околувратници, јаки....

Овој тип на ланчиња се популарни веке неколку години. Наменети се за девојки со изграден личен стил кој ке го нагласат со носење на ланче кое ке претставува центар на нивната комбинација.
Може да се носат врз маички, кошули, џемпери...











niedziela, 2 grudnia 2012

Топли џемери

Кога ни е ладно, се трудиме да се облечеме во потопли алишта и најчесто избираме во нашите комбинации да вклучиме и некој дебел џемпер или елек.






Не заборавајте да ни се придружите на плетачката вечер во Вторник во 19:00 часот, New Age Cafe.

środa, 28 listopada 2012

Плетачка вечер во Скопје


Вторник, 04.12.2012, Плетачка вечер и изложба на плетени работи.  
Почеток-19:00 часот, New Age Cafe

Ве очекуваме да дојдете и да ни се придружите.