Ви прикажуваме дел од атмосверата на првата плетачка вечер во New Age Cafe, а на крај може и да погледнете дел од работите кои беа исплетени.
czwartek, 6 grudnia 2012
poniedziałek, 3 grudnia 2012
Ланчиња, околувратници, јаки....
Овој тип на ланчиња се популарни веке неколку години. Наменети се за девојки со изграден личен стил кој ке го нагласат со носење на ланче кое ке претставува центар на нивната комбинација.
Може да се носат врз маички, кошули, џемпери...
Може да се носат врз маички, кошули, џемпери...
niedziela, 2 grudnia 2012
Топли џемери
Кога ни е ладно, се трудиме да се облечеме во потопли алишта и најчесто избираме во нашите комбинации да вклучиме и некој дебел џемпер или елек.
Не заборавајте да ни се придружите на плетачката вечер во Вторник во 19:00 часот, New Age Cafe.
środa, 28 listopada 2012
Плетачка вечер во Скопје
Вторник, 04.12.2012, Плетачка вечер и изложба на плетени работи.
Почеток-19:00 часот, New Age Cafe
Ве очекуваме да дојдете и да ни се придружите.
sobota, 24 listopada 2012
Ревија во Св. Николе
Mikka design учествуваше на прв моден настан во Св. Николе под покровителство на Модно Студио Рената. Ревијата која што се одржа на 23 ноември имаше за цел прослава на 20 години работење на Модно студио Рената како и хуманитарната цел- собирање на средства за малиот Јасмин кој има потреба од лекување.
На модната ревија микка ги претстави неколку креации од нејзината есенско-зимска колекција.
czwartek, 22 listopada 2012
Направи Сам - Ранец во духот на македонската традиција
Има многу начини како да се зачува богатата македонска традиција и шарениот фолклор. Еве еден од нив - ранец со сите функционалности (подесувани рачки, џебови, преклоп) сошиен од волнена македонска престилка.
poniedziałek, 19 listopada 2012
Капчиња
Мој омилен додаток за зима се капчињата. Одличен начин да се спои модерното со практичното. Постојат најразлични видови на капчиња кои можете да ги одберете според вашиот личен стил.
Ова е само мал дел од капите кои можат да се купат на страната на Уникатно.
wtorek, 13 listopada 2012
Mikka design FW12/13
Излегоа фотографиите од новата фотосесија за колекцијата на Mikka Design FW12/13.
Еве и неколку зборови од авторката на колекцијата, Катерина Микрут:
"Инспирацијата за колекцијата беа претежно материјалите но и можностите кои се отвараат со спојување на материјалите со рачно изработени плетени (со две игли) делови. Препознатлив носечки мотив на колекцијата е мотивот на круг и отворените грб детали со плетени додатоци. Сите креации потекнуваат од многу едноставни форми. Моделите се наменети за жени и девојки кои имаат сопствен стил и не се плашат од експериментирање."
Повеке слики може да погледнете на Фејсбук страната на Уникатно.
Фотографија: Маја Симовска
Модел: Илина М.
Локација: New Age, Скопје

Subskrybuj:
Posty (Atom)