Уникатно е потполно функционална продавница на интернет каде што може да се купат ракотворби, пред се изработени во еден примерок,парчиња облека, чанти, накит и други модни додатоци. Со само неколку клика може да станете сопственик на нешто, што ќе го имате само Вие. Нарачаниот производ ќе Ви биде испорачан по пошта или друга фирма што се занимава со испорака на пратки. За купениот производ се плаќа при преземањето на пратката. Ако производот не ги исполнува вашите очекувања може да го вратоте во рокот од 10 дена од датумот на нарачката без да наведете причина. Накратко така работиме.
А работиме од есен 2009 година. Започнавме со 50 производи, моментално располагаме со над 1100 производи од 14-тина творци. Сме отворени за соработка со сите креатори кои сакаат да се вклучат и да ја збогатат нашата понуда со нивните ракотворби.
Ако барате уникатни, наповторливи работи а во многу продавници не можете да ги најдете, посетете ја нашата продавница. Ако сретнете некого со исто парче облека, чанта или моден додаток како Вашиот и тоа ви предизвикува непријатно чуство – тогаш Уникатно е за Вас вистинското место. Купувајќи на Уникатно ќе станете сопственик на уникатно парче. Производите се изработени во еден примерок или во мали серии (под кои подразбираме максимално 3-5 слични, не буквално исти парчиња).
Идеја на ваква продавница секако не е нова. Ги има во светот многу. А се поради тоа дека уникатни работи се се повеќе во мода. Но исто така поради нивната вонвременска вредност. Парче изработено од срце има моќ да се вклопи во стилот на секој човек што знае да го оцени трудот на нечии раце.