Уникатно

wtorek, 20 marca 2012

Патики според сопствен дизајн

Иако низ продавниците избор на шарени патики е многу голем сепак тие рачно изработени или подобро рачно обработени си имаат посебна вредност. За обработката на подолу претставени патики искористив стари материјали кои имаат сигурно по едно 20 години. Се погодија со интересен дезен.



Ако сака некој да проба да ги обработи здосадените патики постапката е следна. Материјалот се става врз патиката и се сечат соодветните делови со 0,5-1 см плус ако материјалот се пара и треба да се завитка. Со лепак за текстил деловите може малку да се подзалепат а после се шијат со конец во иста боја како што е материјалот. Може додатно да се извезат со некој шарен конец.

piątek, 16 marca 2012

Хеланки од блуза?

Можно е ако блузата е доволно голема. Таа ја најдов случајно во секонд-хенд и одма кога ги видов шарите на блузата и нејзина XXL димензија одлучив да реализирам сон за хеланки кој во текот на зимата ми се појавил. Иако зимата е на крај ќе си ги поносам барем неколку пати, зошто супер се презентираат со не премногу високи пролетни чизмички и бела туника на пример, на сето тоа куса јакничка и ајде на пролетна прошетка.

Инаку за тие што знаат да шијат - хеланките се направени на следниот начин: од главниот дел на блузата извадив делови од појасот некаде до под колено а од ракавите сошив додатоци (заради шарите на блузата воопшто не се познава дека хеланките се составувани под колено). Мера зедов од стари хеланки памучни, внимавајќи на тоа колку материјалите може да се тегнат. И од тоа што ми останало од сечењето излезе и појасот.

czwartek, 15 marca 2012

Пролетни цветови

Доаѓа пролет. Модните псти веќе се полни со манекенки во цветна облека. Надвор станува се потопло а ние полека сакаме да и додадеме понекој шарен акцент на нашата облека. Пред да разцветаат дрвата и цветовите на Уникатно можете да ги наберете пролетните цветови уште сега.







wtorek, 6 marca 2012

Накит од неконвенционални материјали - дел 1

Реупотреба на машни или кравати. Случајно начекав во Happening женски машни од стари колекции на распродажба и веднаш направив мала серија од накит, идеален за носење во пролетно време оти шалови полека ќе се стават длабоко во шкафот.
Многу сакам тој тип од накит каде што цевка сошиена од материјал е полнета со парчиња меки материјали и врзувана и го имам правено и од други материјали.



А овде се други изработки од кравати најдени на веб продавница на полските уметници и дизајнери.
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-inne-krawatowiec-13-nr605177.htm
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-inne-krawatowiec-11-nr604324.htm
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-wisiory-kravatte-6-mini-nr605763.htm
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-inne-kravatte-17-nr605753.htm

niedziela, 4 marca 2012

Комплет за пролет-лето

mikka design Ви претставува една од најновите изработки, комплет од блузичка и кратки панталони. Комплетот ги врзува неколку трендови за пролет/лето 2012 - кратки панталони, пастелни бои и цветови.



Панталончињата се плетени од памучен конец, од внатре секако имаат постава. Блузичката е од памучен материјал од назад има плетен мотив од цветови изработени од истиот конец што панталоните.

sobota, 3 marca 2012

Необични панталони



Целта беше следна: од оригинални ѕвонарки да се направат тесни „цевки“ панталони кои ќе наликуваат на хеланки а сето тоа да се постигне со плетени странични делови. Се испадна успешно - панталоните си добија еластичност, ако оригинално беа изработени од крути материјали (кремов скај и кафеав велур). Скај и велур многу добро се комбинираат со волница.