Уникатно

wtorek, 6 marca 2012

Накит од неконвенционални материјали - дел 1

Реупотреба на машни или кравати. Случајно начекав во Happening женски машни од стари колекции на распродажба и веднаш направив мала серија од накит, идеален за носење во пролетно време оти шалови полека ќе се стават длабоко во шкафот.
Многу сакам тој тип од накит каде што цевка сошиена од материјал е полнета со парчиња меки материјали и врзувана и го имам правено и од други материјали.



А овде се други изработки од кравати најдени на веб продавница на полските уметници и дизајнери.
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-inne-krawatowiec-13-nr605177.htm
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-inne-krawatowiec-11-nr604324.htm
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-wisiory-kravatte-6-mini-nr605763.htm
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-inne-kravatte-17-nr605753.htm

niedziela, 4 marca 2012

Комплет за пролет-лето

mikka design Ви претставува една од најновите изработки, комплет од блузичка и кратки панталони. Комплетот ги врзува неколку трендови за пролет/лето 2012 - кратки панталони, пастелни бои и цветови.



Панталончињата се плетени од памучен конец, од внатре секако имаат постава. Блузичката е од памучен материјал од назад има плетен мотив од цветови изработени од истиот конец што панталоните.

sobota, 3 marca 2012

Необични панталони



Целта беше следна: од оригинални ѕвонарки да се направат тесни „цевки“ панталони кои ќе наликуваат на хеланки а сето тоа да се постигне со плетени странични делови. Се испадна успешно - панталоните си добија еластичност, ако оригинално беа изработени од крути материјали (кремов скај и кафеав велур). Скај и велур многу добро се комбинираат со волница.

środa, 25 maja 2011

Како да ги обновиме здосадени маици, блузи, кошули...

...еден од можните начини е секако со плетење. Во оваа сезона модни се чипки и плетени додатоци во облеката. Јас го искористив тоа и си направив неколку парлиња облека со плетени цветни мотиви.




czwartek, 24 marca 2011

Нова колекција на чанти -mikka design

Сите чанти се уникатни и нема шанса да се нафатам на слична изработка заради специфични комбинации на употребени материјали.

Сите чанти спаѓаат во категорија големи. Отприлика димензиите им се слични. Комотно се носат на рамо, рачките им се меки, изработени или од плетена цевка исполнета внатре со мек материјал, или цевка сошиена од материјал исто полнета во форма на топчиња. Сите чанти имаат внатре џеб за поситни работи и секако секоја чанта има постава. Неколку од чантите имаат во комплет и паричник или мал несесер.

Еве ги чантите во нашата продавница.

































Неколку од овие чанти се достапни сега во промоција!

czwartek, 10 marca 2011

Нови производи


Џемпер на пролет




Џемпер-џакет, шарен идеален за пролет. Изработен е од patchwork дел и дополнет со плетење. Бои- жолта, сива, бела, црна. Големина М, должина 100 см.

Плетена сива чанта



Изработена од 2 нијанси на сива боја со посебна техника на плетење. Внатре има постава и се затвара со патент.

czwartek, 3 marca 2011

Mikka design - колекција на џемпери

Џемпер - џакет од рециклирана волна.

По нарачка може да се изработи сличен модел од нова волна. Џакетот од комбинација на 2 бои - црна и бела, со големи џебови и петлици.




Бел џемпер со кратки ракави и гердан со пуфки како додаток

Плетена блузичка со кратки ракави, по нарачка може да се изработи исто така во други бои.




Зелено болеро

Болеро со кратки ракави, по нарачка може да се изработи и во други бои.




Џрн џемпер

Црн џемпер со продолжени делови од јака кои може да се виткаат околу вратот како шал што му дава на џемперот многу разни начини за носење. По нарачка можна е изработка во други бои.




Болеро во 3 бои

Болеро со многу едноставна форма сплетено од волници во 3 бои: тегет, темно зелена и светла виолетова, со многу дебели игли заради што болерото е многу мекко и пријатно за носење. Порабено е со плетен стегач во тегет боја. По нарачка можни се и други комбинации на бои.




Сив краток џемпер со плетенки

Топол џемпер сплетен од прилично дебела волница цел покриен со дезен од плетенки. По нарачка можни се и други бои.




Сив џемпер - џакет со плетенки

Идеален за носење во функицја на палто, многу топол џемпер, идеална комбинација со колан и високи чизми...По нарачка можни се други бои и модификации во должина, јака, закопчување.