niedziela, 29 kwietnia 2012
Катерина Микрут на Модна Недела во Битола
Катерина Микрут ги претстави нејзините плетени уникати кои спаѓаат во нејзината пролетна колекција на Модна недела во Битола. Ревијата се одржа на 20 април. Колекција за пролет-лето 2012 се плетени парчиња облека изработени од самата дизајнерка, кои може да се носат за секојдневно излегување. Комбинасциите се дополнети со уникатни ташни и накит.
Еве што предлага дизајнерката за жени што сакаат да го истакнаат нивиот индивидуелен стил:
Колекцијата наменета е за продажба и парчињата може да се нарачат на Уникатно а исто така можете да ги побарате во бутик МОКОШ во Скопје, ул. Ѓуро Ѓаковиќ 18.
wtorek, 20 marca 2012
Патики според сопствен дизајн
Иако низ продавниците избор на шарени патики е многу голем сепак тие рачно изработени или подобро рачно обработени си имаат посебна вредност. За обработката на подолу претставени патики искористив стари материјали кои имаат сигурно по едно 20 години. Се погодија со интересен дезен.
Ако сака некој да проба да ги обработи здосадените патики постапката е следна. Материјалот се става врз патиката и се сечат соодветните делови со 0,5-1 см плус ако материјалот се пара и треба да се завитка. Со лепак за текстил деловите може малку да се подзалепат а после се шијат со конец во иста боја како што е материјалот. Може додатно да се извезат со некој шарен конец.

piątek, 16 marca 2012
Хеланки од блуза?
Можно е ако блузата е доволно голема. Таа ја најдов случајно во секонд-хенд и одма кога ги видов шарите на блузата и нејзина XXL димензија одлучив да реализирам сон за хеланки кој во текот на зимата ми се појавил. Иако зимата е на крај ќе си ги поносам барем неколку пати, зошто супер се презентираат со не премногу високи пролетни чизмички и бела туника на пример, на сето тоа куса јакничка и ајде на пролетна прошетка.
Инаку за тие што знаат да шијат - хеланките се направени на следниот начин: од главниот дел на блузата извадив делови од појасот некаде до под колено а од ракавите сошив додатоци (заради шарите на блузата воопшто не се познава дека хеланките се составувани под колено). Мера зедов од стари хеланки памучни, внимавајќи на тоа колку материјалите може да се тегнат. И од тоа што ми останало од сечењето излезе и појасот.

czwartek, 15 marca 2012
Пролетни цветови
wtorek, 6 marca 2012
Накит од неконвенционални материјали - дел 1
Реупотреба на машни или кравати. Случајно начекав во Happening женски машни од стари колекции на распродажба и веднаш направив мала серија од накит, идеален за носење во пролетно време оти шалови полека ќе се стават длабоко во шкафот.
Многу сакам тој тип од накит каде што цевка сошиена од материјал е полнета со парчиња меки материјали и врзувана и го имам правено и од други материјали.
А овде се други изработки од кравати најдени на веб продавница на полските уметници и дизајнери.
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-inne-krawatowiec-13-nr605177.htm
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-inne-krawatowiec-11-nr604324.htm
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-wisiory-kravatte-6-mini-nr605763.htm
http://www.pakamera.pl/naszyjniki-inne-kravatte-17-nr605753.htm

niedziela, 4 marca 2012
Комплет за пролет-лето
mikka design Ви претставува една од најновите изработки, комплет од блузичка и кратки панталони. Комплетот ги врзува неколку трендови за пролет/лето 2012 - кратки панталони, пастелни бои и цветови.
Панталончињата се плетени од памучен конец, од внатре секако имаат постава. Блузичката е од памучен материјал од назад има плетен мотив од цветови изработени од истиот конец што панталоните.
Панталончињата се плетени од памучен конец, од внатре секако имаат постава. Блузичката е од памучен материјал од назад има плетен мотив од цветови изработени од истиот конец што панталоните.
sobota, 3 marca 2012
Необични панталони
Целта беше следна: од оригинални ѕвонарки да се направат тесни „цевки“ панталони кои ќе наликуваат на хеланки а сето тоа да се постигне со плетени странични делови. Се испадна успешно - панталоните си добија еластичност, ако оригинално беа изработени од крути материјали (кремов скај и кафеав велур). Скај и велур многу добро се комбинираат со волница.
Subskrybuj:
Posty (Atom)