Поранешните постови ги оставаме кај што се на адресата http://uzjsemdoma.blog.mk/
а за новите местото ќе им е овде.
На почеток известувања за новости во нашата продавница:
- се појавиле нови творци
Даци - Цветна приказна
„Иработувам хеклан накит, накит од филц и полимерна глина. Ме фасцинираат рачните изработки во било која форма и опис... Ова е моето хоби кое животот ми го прави поинтересен и поисполнет...Ако сакате да ме запознаете подобро ќе ме најдете на
http://cvetoviiprikazni.blogspot.com/ “ - вели Даци

Нејзината колекција на Уникатно можете да ја погледнете тука
Преплет
„Кога нешто што се нарекува имагинација спакувана во салфетка, со врвка превиткана во јазол од соништа, на место во кое се таложат само моменти за паметење, се формира "Преплет" на бои и нијанси на пастелните утра... "Преплет" од бура на чувства создадени за сите уникатни души.“

Колекција на тие две креативни девојки можете да ја разгледате тука.
- започнавме со новогодишната промоција, оти е време полека да се размисли за подароци. Ако сакате да вашиот поклон да остави впечаток на особата на која им го поклонивте, можеби ќе најдете нешто интересно во нашата понуда
Нашата понуда се збогати исто така со специфичен вид услуга - рециклирање на постоечка облека. Инспирација за оваа категорија ми дојде секако од мојот шкаф каде што полно е рециклирани парчиња облека. Работата наречена recycling art станува се повеќе популарна во Европа.

Yметноста на преработување на предмети и додавање на нова вредност на нив. Можноста да им се врати животот на стари парчиња облека кои веќе поминале низ се и сешто.
Нешто што е старо не мора да зацрши во канта за ѓубре. Да ја заборавиме малку економската криза која можеби се гледа како прва причина за рециклирање на старите предмети за да се спасиме од трошоци за купувањето на новите. Најинтересен аспект на рециклирањето е добиен резултат – уникат.
Низ процесот на рециклирање може да помине речиси секое парче облека, чанти, накит и други додатоци, дури и чевли. Интеесно е во самото рециклирање дека се работи со некој постоечки облик и ограничен материјал. Понекогаш самото место на оштетување наметнува идеја за ново, рециклирано парче. За почеток ставив неколку примероци во категорија Recycling art а наскоро ќе бидат повеќе.
Brak komentarzy:
Prześlij komentarz