Уникатно

środa, 24 kwietnia 2013

Улично плетење во Скопје


Улично плетење – графити од волница.

Скопје доби примерок на графити од волница инаку наречено улично плетење urban knitting. Група креативци кој секојдневно се занимаваат со моден дизајн, поврзани со два македонски модни брендови mikka design и Hard to explain ја украсиле уличната бандера која се наоѓа пред нивното ателје во Старата Скопска Чаршија на ул. Лазе Танев бр. 51.








Поминале денови кога иглите и волницата беа алатки само на баби.  Веќе неколку години во светските градови се појавуваат кафичи наменети за сите што сакаат да плетат. Плетењето станува се попопуларно и не се работи за традиционалното плетење.

Новите плетени дела имаат за цел да го привлечат вниманието на минувачите а не само да не стоплат во студените денови. Бојовници на плетената герила тргнаа во напад. Обложуваат со плетените делови уличните часовници, бандери, споменици. Светот би требало да има повеќе бои. Оваа појава најчесто се определува со англиските зборови yarn bombing, guerilla knitting aили urban knitting. Ова е релативно нова форма на уличната уметност која што креира објекти кои може да се наречат како графити од волница. Уметниците како што во случај на класичното графити често пати остануваат анонимни или се кријат под прекар, но има и вакви кои отворено се признаваат кон своите дела.



Овој тренд го започнала
Magda Sayeg од Тексас. Кога во 2005 година почнала да ги обработува знаците стоп со плетени делови нејзината цел беше да го разубави нејзинот сив роден град Хјустон. Не знаела дека започне движење во светските рамки. Наскоро yarn bombing се рашири низ америчките градови. Неговите објекти станале разни елементи кои функионираат во урбаниот простор,  уличните бариери, телефонски говорници, велосипеди а дури и автобуси..


Скопската плетена бандера ја исполнува целта- привлекува внимание, посебно на туристите кои се фотографираат покрај неа.

Brak komentarzy:

Prześlij komentarz