Уникатно

czwartek, 24 marca 2011

Нова колекција на чанти -mikka design

Сите чанти се уникатни и нема шанса да се нафатам на слична изработка заради специфични комбинации на употребени материјали.

Сите чанти спаѓаат во категорија големи. Отприлика димензиите им се слични. Комотно се носат на рамо, рачките им се меки, изработени или од плетена цевка исполнета внатре со мек материјал, или цевка сошиена од материјал исто полнета во форма на топчиња. Сите чанти имаат внатре џеб за поситни работи и секако секоја чанта има постава. Неколку од чантите имаат во комплет и паричник или мал несесер.

Еве ги чантите во нашата продавница.

































Неколку од овие чанти се достапни сега во промоција!

czwartek, 10 marca 2011

Нови производи


Џемпер на пролет




Џемпер-џакет, шарен идеален за пролет. Изработен е од patchwork дел и дополнет со плетење. Бои- жолта, сива, бела, црна. Големина М, должина 100 см.

Плетена сива чанта



Изработена од 2 нијанси на сива боја со посебна техника на плетење. Внатре има постава и се затвара со патент.

czwartek, 3 marca 2011

Mikka design - колекција на џемпери

Џемпер - џакет од рециклирана волна.

По нарачка може да се изработи сличен модел од нова волна. Џакетот од комбинација на 2 бои - црна и бела, со големи џебови и петлици.




Бел џемпер со кратки ракави и гердан со пуфки како додаток

Плетена блузичка со кратки ракави, по нарачка може да се изработи исто така во други бои.




Зелено болеро

Болеро со кратки ракави, по нарачка може да се изработи и во други бои.




Џрн џемпер

Црн џемпер со продолжени делови од јака кои може да се виткаат околу вратот како шал што му дава на џемперот многу разни начини за носење. По нарачка можна е изработка во други бои.




Болеро во 3 бои

Болеро со многу едноставна форма сплетено од волници во 3 бои: тегет, темно зелена и светла виолетова, со многу дебели игли заради што болерото е многу мекко и пријатно за носење. Порабено е со плетен стегач во тегет боја. По нарачка можни се и други комбинации на бои.




Сив краток џемпер со плетенки

Топол џемпер сплетен од прилично дебела волница цел покриен со дезен од плетенки. По нарачка можни се и други бои.




Сив џемпер - џакет со плетенки

Идеален за носење во функицја на палто, многу топол џемпер, идеална комбинација со колан и високи чизми...По нарачка можни се други бои и модификации во должина, јака, закопчување.

piątek, 25 lutego 2011

Промоција - 8 март


Уникатен подарок за секоја жена што сака да е оригинална. Намаливме 50 производи. Ве покануваме да ја разгледате промоцијата.

piątek, 24 grudnia 2010

Новогодишна понуда

Сеуште имате време да ја искористете нашата новогодишна понуда и да купите уникатен подарок за вашите блиски.

Понудата можете да ја разгледате тука



Понудата на Уникатно се збогати пак - овој пат се приклучи Дарко од Охрид кој изработува ланчиња со привезоци од глина, лакирани со висок квалитет.



Понудата е наменета за мажи - Дарко придонесе голема колекција на машки ланчиња.



Повелете
www.unikatno.com.mk

piątek, 3 grudnia 2010

Селидба...

Се решивме да го преселиме блогот на оваа платформа.

Поранешните постови ги оставаме кај што се на адресата http://uzjsemdoma.blog.mk/

а за новите местото ќе им е овде.

На почеток известувања за новости во нашата продавница:

- се појавиле нови творци

Даци - Цветна приказна

„Иработувам хеклан накит, накит од филц и полимерна глина. Ме фасцинираат рачните изработки во било која форма и опис... Ова е моето хоби кое животот ми го прави поинтересен и поисполнет...Ако сакате да ме запознаете подобро ќе ме најдете на
http://cvetoviiprikazni.blogspot.com/ “ - вели Даци





Нејзината колекција на Уникатно можете да ја погледнете тука

Преплет

„Кога нешто што се нарекува имагинација спакувана во салфетка, со врвка превиткана во јазол од соништа, на место во кое се таложат само моменти за паметење, се формира "Преплет" на бои и нијанси на пастелните утра... "Преплет" од бура на чувства создадени за сите уникатни души.“



Колекција на тие две креативни девојки можете да ја разгледате тука.

- започнавме со новогодишната промоција, оти е време полека да се размисли за подароци. Ако сакате да вашиот поклон да остави впечаток на особата на која им го поклонивте, можеби ќе најдете нешто интересно во нашата понуда

Нашата понуда се збогати исто така со специфичен вид услуга - рециклирање на постоечка облека. Инспирација за оваа категорија ми дојде секако од мојот шкаф каде што полно е рециклирани парчиња облека. Работата наречена recycling art станува се повеќе популарна во Европа.



Yметноста на преработување на предмети и додавање на нова вредност на нив. Можноста да им се врати животот на стари парчиња облека кои веќе поминале низ се и сешто.
Нешто што е старо не мора да зацрши во канта за ѓубре. Да ја заборавиме малку економската криза која можеби се гледа како прва причина за рециклирање на старите предмети за да се спасиме од трошоци за купувањето на новите. Најинтересен аспект на рециклирањето е добиен резултат – уникат.
Низ процесот на рециклирање може да помине речиси секое парче облека, чанти, накит и други додатоци, дури и чевли. Интеесно е во самото рециклирање дека се работи со некој постоечки облик и ограничен материјал. Понекогаш самото место на оштетување наметнува идеја за ново, рециклирано парче. За почеток ставив неколку примероци во категорија Recycling art а наскоро ќе бидат повеќе.