Претстави се со неколку реченици. - Сакам да сликам и
сакам да изработувам дрво, кое за мене е едно од благородните нешта во
природата, кое како „отпад„ во природата секогаш е спремно за нова форма
и нов живот, јас ја имам таа прилика да се поврзам со него и заедно со
мојата креација да створиме нешто што пофторно ќе се користи.
Што изработуваш, дизајнираш?
- Изработувам уникатни предмети од дрво со додадена вредност. Како
ѕидни часовници, слики, држачи за книги, моливи, визит карти, накит и
салфети, тапи за вино, тањири и комплети за фонду, магенти, висечки
украси, звончиња и сл.
Кој си? - Снежана Донева / „Смартвуд„ ("Smartwood")

Што е твојата инспирација? - Животот, енергијата, музиката и природата.
Од кога се занимаваш со креативната работа? - Веќе 10 години.
Кои се твои омилени теми, бои, мотиви?
- Неограничено, секоја тема доаѓа со моментите во животот, не
издвојувам ниедна боја сите ги сакам и користам, мотиви од природата,
традицијата и околината.
За кого се наменети твоите изработки?
- За сите оние кои сакаат да имаат уникатни производи (да си ја
задоволат душичката) и за сите оние кои сакаат да изненадат и подарат
нешто посебно и издвоено.