Дарко Димитријоски - Охрид
Што изработуваш?
Изработувам накит претежно од глина во комбинација со други материјали, пластика, железо и.т.н.
Во зависност од инспирацијата користам и други материјали што значи не сум ограничен во изработката на накитот.
Твојата инспирација?
Работам буквално секакви теми, почнувајќи од хороскопски знаци кои се омилени кај помладата генерација па се уметнички апстрактни и посложени теми.
Исто така работам и заштитни знаци, симболи и.т.н.
Во последно време приоритет ми се нашата-македонската уметност и култура.
Работам и македонски мотиви...
Многу мал дел од тоа што го работам е од мунистри, бисери или таканаречен “готов материјал” - што значи она што е карактеристично за мене е што почнувам од нула, за да стигнам до готов идеален и квалитетен производ на крај.
Единствен и уникатен накит во секој смисла,што значи дека не постои никој друг што работи на принципот на кој што работам јас.
“Глинамол и Фимопластелин” не користам.
За кого наменет е твојот накит?
Накитот е наменет за сите без разлика на возраст и пол. Изборот е секако индивидуален и во таа смисла ќе се потрудам да им излезам во пресрет на сите што сакаат модни додатоци во зависност од нивната желба да бидат уникатни.
Уникатните ланчиња изработени од Дарко
Галерија on-line на Дарко
środa, 30 maja 2012
wtorek, 29 maja 2012
Нов творец - Снежана Донева
Од мај понудата на on-line продавницата Уникатно се збогати за нови специфични производи на Снежана Донева (Smartwood). Се работи за уникати изработени од дрво и рачно цртани од кои сите имаат употребна вредност. Тоа значи ако треба да купите за некого подарок и сакате овој подарокот да е погоден - сте на доброто место. Можете да одберете часовник, слика, држач за документи и слични преубави ситни работи кои ќе го украсат домот.
Еве што работи Снежана:
Имав прилика да ја посетам првата самостална изложба на Снежана која што се одржува во кафе-бар New Orleans во Старата Чаршија во Скопје и ќе потрае до 2.6.2012.
Наскоро Снежана ќе се претстави на нашите корисници со подетално интервју.
Subskrybuj:
Posty (Atom)