wtorek, 29 maja 2012
Нов творец - Снежана Донева
Од мај понудата на on-line продавницата Уникатно се збогати за нови специфични производи на Снежана Донева (Smartwood). Се работи за уникати изработени од дрво и рачно цртани од кои сите имаат употребна вредност. Тоа значи ако треба да купите за некого подарок и сакате овој подарокот да е погоден - сте на доброто место. Можете да одберете часовник, слика, држач за документи и слични преубави ситни работи кои ќе го украсат домот.
Еве што работи Снежана:
Имав прилика да ја посетам првата самостална изложба на Снежана која што се одржува во кафе-бар New Orleans во Старата Чаршија во Скопје и ќе потрае до 2.6.2012.
Наскоро Снежана ќе се претстави на нашите корисници со подетално интервју.
Subskrybuj:
Komentarze do posta (Atom)
Brak komentarzy:
Prześlij komentarz