Уникатно

środa, 30 maja 2012

Запознајте ги креативците - Дарко Димитријоски

Дарко Димитријоски - Охрид

Што изработуваш?


Изработувам накит претежно од глина во комбинација со други материјали, пластика, железо и.т.н. Во зависност од инспирацијата користам и други материјали што значи не сум ограничен во изработката на накитот.
Твојата инспирација?

Работам буквално секакви теми, почнувајќи од хороскопски знаци кои се омилени кај помладата генерација па се уметнички апстрактни и посложени теми. Исто така работам и заштитни знаци, симболи и.т.н. Во последно време приоритет ми се нашата-македонската уметност и култура. Работам и македонски мотиви... Многу мал дел од тоа што го работам е од мунистри, бисери или таканаречен “готов материјал” - што значи она што е карактеристично за мене е што почнувам од нула, за да стигнам до готов идеален и квалитетен производ на крај. Единствен и уникатен накит во секој смисла,што значи дека не постои никој друг што работи на принципот на кој што работам јас. “Глинамол и Фимопластелин” не користам.

За кого наменет е твојот накит?


Накитот е наменет за сите без разлика на возраст и пол. Изборот е секако индивидуален и во таа смисла ќе се потрудам да им излезам во пресрет на сите што сакаат модни додатоци во зависност од нивната желба да бидат уникатни.

Уникатните ланчиња изработени од Дарко
Галерија on-line на Дарко

Brak komentarzy:

Prześlij komentarz