Уникатно

poniedziałek, 19 listopada 2012

Капчиња

Мој омилен додаток за зима се капчињата. Одличен начин да се спои модерното со практичното. Постојат најразлични видови на капчиња кои можете да ги одберете според вашиот личен стил.
Ова е само мал дел од капите кои можат да се купат на страната на Уникатно.







wtorek, 13 listopada 2012

Mikka design FW12/13

Излегоа фотографиите од новата фотосесија за колекцијата на Mikka Design FW12/13.

Еве и неколку зборови од авторката на колекцијата, Катерина Микрут:
"Инспирацијата за колекцијата беа претежно материјалите но и можностите кои се отвараат со спојување на материјалите со рачно изработени плетени (со две игли) делови. Препознатлив носечки мотив на колекцијата е мотивот на круг и отворените грб детали со плетени додатоци. Сите креации потекнуваат од многу едноставни форми. Моделите се наменети за жени и девојки кои имаат сопствен стил и не се плашат од експериментирање."

Повеке слики може да погледнете на Фејсбук страната на Уникатно.














Фотографија: Маја Симовска
Модел: Илина М.
Локација: New Age, Скопје

sobota, 9 czerwca 2012

Запознајте ги креативците - Снежана Донева




Претстави се со неколку реченици. - Сакам да сликам и сакам да изработувам дрво, кое за мене е едно од благородните нешта во природата, кое како „отпад„ во природата секогаш е спремно за нова форма и нов живот, јас ја имам таа прилика да се поврзам со него и заедно со мојата креација да створиме нешто што пофторно ќе се користи.



Што изработуваш, дизајнираш? - Изработувам уникатни предмети од дрво со додадена вредност. Како ѕидни часовници, слики, држачи за книги, моливи, визит карти, накит и салфети, тапи за вино, тањири и комплети за фонду, магенти, висечки украси, звончиња и сл.
Кој си? - Снежана Донева / „Смартвуд„ ("Smartwood")


Претстави се со неколку реченици. - Сакам да сликам и сакам да изработувам дрво, кое за мене е едно од благородните нешта во природата, кое како „отпад„ во природата секогаш е спремно за нова форма и нов живот, јас ја имам таа прилика да се поврзам со него и заедно со мојата креација да створиме нешто што пофторно ќе се користи.


Што изработуваш, дизајнираш? - Изработувам уникатни предмети од дрво со додадена вредност. Како ѕидни часовници, слики, држачи за книги, моливи, визит карти, накит и салфети, тапи за вино, тањири и комплети за фонду, магенти, висечки украси, звончиња и сл.

Што е твојата инспирација? - Животот, енергијата, музиката и природата.


Од кога се занимаваш со креативната работа? - Веќе 10 години.


Кои се твои омилени теми, бои, мотиви? - Неограничено, секоја тема доаѓа со моментите во животот, не издвојувам ниедна боја сите ги сакам и користам, мотиви од природата, традицијата и околината.


За кого се наменети твоите изработки? - За сите оние кои сакаат да имаат уникатни производи (да си ја задоволат душичката) и за сите оние кои сакаат да изненадат и подарат нешто посебно и издвоено.

środa, 6 czerwca 2012

Онлајн шопинг во Македонија и Уникатно


Онлајн продавниците се доста атрактивно нешто. Нема потреба од шетање низ продавници, туку едноставно од дома пред компјутер си одбирате што сакате, го нарачувате и го имате. “ – преземено од it.com.mk

Така можете да одберете нешто уникатно – парче облека, модни додатоци, накит, декорации за домот или нешто за вашето дете не излегувајќи од дома. Нашата продавница е специфична, затоа што на едно место можете да најдете работи од повеќето креативци, кои живеат и работат во различни места во Македонија. Креациите од нашите творци се изработени во различни стилови, така да секој може да најде нешто за себе или за подарок. Целата понуда е уредена во неколку главни категории па во подкатегории за да можете лесно да пребарувате, освен тоа ви даваме сугестии за подароци или модни предлози, ги нагласуваме промоциите – сето тоа за ваш лесен шопинг!


...недовербата во продавниците останува голема. 20 отсто од 330 испитаници рекоа дека не им веруваат на сајтовите, додека 17.9% рекоа „би сакал/а, но не знам дали е сигурно“. Само 21 отсто од нашите посетители рекоа дека ќе купат нешто од онлајн продавниците.

Најголемиот дел од испитаните рекоа дека немаат картичка да платат, 41% или 135 анкетирани. Ова значи две работи: 1. платежните картички се уште не се вообичаена работа во Македонија, иако е лесно да се извадат, пример, дебитна се вади само со лична карта, 2. луѓето немаат доволно голем стандард да можат да се опуштат, да извадат кредитна/дебитна картичка и да купуваат онлајн. “ – it.com.mk

Каде е Уникатно во однос на овие истражувања? Зошто кај нас можете да купувате со доверба?
Ви даваме гаранција дека ако производот не ги исполни вашите очекувања може да го  вратите а Уникатно ќе ви го врати соодветен износ на пари. Ова е поради тоа што ја  разбираме специфичноста на купување облека или модни додатоци - потешко се купува преку интернет, сепак покрај слика и детален опис, нештото можеби нема да Ви стои убаво и нема да бидете задоволни – во таков случај можете да го вратите производот, во рок од 10 дена од добивање на пратката, без да наведете причина за враќањето.

Секој творец се труди да достави слики од производите во што можно најдобар квалтет и соодветен опис – од што е изработена креацијата и какви се нејзини карактеристики – димензии, материјали итн.

Производот ќе стигне до кај Вас брзо - за 3-5 работни дена. Ќе платите по испорака, значи во моментот на добивање на пратката.
И на крај – вашите податоци што ги оставате кај нас се безбедни. Ги користиме исклучително да Ви ја испорачаме пратката.


środa, 30 maja 2012

Запознајте ги креативците - Дарко Димитријоски

Дарко Димитријоски - Охрид

Што изработуваш?


Изработувам накит претежно од глина во комбинација со други материјали, пластика, железо и.т.н. Во зависност од инспирацијата користам и други материјали што значи не сум ограничен во изработката на накитот.
Твојата инспирација?

Работам буквално секакви теми, почнувајќи од хороскопски знаци кои се омилени кај помладата генерација па се уметнички апстрактни и посложени теми. Исто така работам и заштитни знаци, симболи и.т.н. Во последно време приоритет ми се нашата-македонската уметност и култура. Работам и македонски мотиви... Многу мал дел од тоа што го работам е од мунистри, бисери или таканаречен “готов материјал” - што значи она што е карактеристично за мене е што почнувам од нула, за да стигнам до готов идеален и квалитетен производ на крај. Единствен и уникатен накит во секој смисла,што значи дека не постои никој друг што работи на принципот на кој што работам јас. “Глинамол и Фимопластелин” не користам.

За кого наменет е твојот накит?


Накитот е наменет за сите без разлика на возраст и пол. Изборот е секако индивидуален и во таа смисла ќе се потрудам да им излезам во пресрет на сите што сакаат модни додатоци во зависност од нивната желба да бидат уникатни.

Уникатните ланчиња изработени од Дарко
Галерија on-line на Дарко

wtorek, 29 maja 2012

Нов творец - Снежана Донева

Од мај понудата на on-line продавницата Уникатно се збогати за нови специфични производи на Снежана Донева (Smartwood). Се работи за уникати изработени од дрво и рачно цртани од кои сите имаат употребна вредност. Тоа значи ако треба да купите за некого подарок и сакате овој подарокот да е погоден - сте на доброто место. Можете да одберете часовник, слика, држач за документи и слични преубави ситни работи кои ќе го украсат домот. Еве што работи Снежана:
Имав прилика да ја посетам првата самостална изложба на Снежана која што се одржува во кафе-бар New Orleans во Старата Чаршија во Скопје и ќе потрае до 2.6.2012.
Наскоро Снежана ќе се претстави на нашите корисници со подетално интервју.

niedziela, 29 kwietnia 2012

Катерина Микрут на Модна Недела во Битола

Катерина Микрут ги претстави нејзините плетени уникати кои спаѓаат во нејзината пролетна колекција на Модна недела во Битола. Ревијата се одржа на 20 април. Колекција за пролет-лето 2012 се плетени парчиња облека изработени од самата дизајнерка, кои може да се носат за секојдневно излегување. Комбинасциите се дополнети со уникатни ташни и накит. Еве што предлага дизајнерката за жени што сакаат да го истакнаат нивиот индивидуелен стил:
Колекцијата наменета е за продажба и парчињата може да се нарачат на Уникатно а исто така можете да ги побарате во бутик МОКОШ во Скопје, ул. Ѓуро Ѓаковиќ 18.